Претседателот Стево Пендаровски го коментираше и случајот со сообраќајната несреќа, во која учествуваше Зоран Милески-Кичеец, во која загина едно лице.
-Имаме апсурдна ситуација од човечки, правен и политички аспект, од кој сакате, со овој последен случај. Не сум чул или прочитал вест во светот дека човек кој е во затвор направил сообраќајка. И посебно ме интересира кои се тие странски државјани кои биле со него во моментот на несреќата. Дали можеби едниот од нив е двоен државјанин. Не можам да разберам, и како правник, дека на човек кој во тој момент служи затвор му давате мерка притвор, вели Пендаровски во емисијата „360 степени“.
Гостиварскиот апелационен суд доцна попладнево го укинал 30 дневниот притвор на Кичеец кој му беше определен во рамки на случајот со сообраќајката во која загина 34-годишно лице, по што од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е вратен во струшкиот затвор на доизвршување на казната.