СДСМ: Филипче е пример за одговорен политичар кој избра да им служи на граѓаните

од Nikola Popovski
197 прегледи

Ефикасната и брза истрага ќе даде дополнителна потврда за капацитетноста на институциите и нивната професионална посветеност . Особено го поздравуваме ангажманот на врвните германски експерти за форензика кој треба да донесе дополнителна вредност во процесот на истрага, соопштија доцна вечерва од СДСМ.

Како партија тие изразуваат почит кон одлуката на министерот Венко Филипче за понудената оставка и ги почитуваат одлуките и на заменикот министер за здравство и директорите на болницата во Тетово.

-Одлуката на министерот за здравство Филипче, поттикната од чувството на морална одговорност, ја отсликува неговата посветена, чесна работа како одговорен министер, со строго почитување на етичките правила и морал. Министерот Филипче е пример за одговорен политичар кој избра да им служи на граѓаните и да се бори за нивното здравје и нивните животи, се вели во соопштението на јавноста.

Попладнево министерот поднесе оставка од морални причини само два дена после катастрофалниот во модуларната ковид-болница во Тетово.

-Сакам да се заблагодарам на сите кои ме поддржуваа во работата. Ја поднесов мојата пишана оставка до премиерот Зоран Заев, рече Филипче.

Покрај него, оставка поднесоа и заменик-министерот Илир Хасани, директорот на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и економскиот директор на болницата, Артан Етеми.

Слични содржини