23 граѓани ја изгубија битката со Ковид-19

од Nikola Popovski
319 прегледи

Во последното деноноќие регистрирани се 23 смртни случаи од Ковид-19, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Билансот по градови изнесува: 11 починати лица од Скопје (47г, 55г, 61г, 78г, 78г, 79г, 79г, 81г, 81г, 81г и 83г), по 3 починати лица од Охрид (40г, 68г и 75г) и Струга (45г, 67г и 77г), 2 починати лица од Велес (60г и 73г)  и по едно починато лице од Тетово (62г), Куманово (54г), Кичево (72г) и Македонски Брод (73г).

Од пријавените 21 лице е починато во болнички услови и 2 се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројката на оздравени пациенти е 163.852, на починати е 6.259, а бројот на активни случаи изнесува 13.412.

Слични содржини