Спасовски: МВР е институција која што претставува заштитник на слободите и правата на граѓаните

од Берта Китинска
204 прегледи

Македонската полиција  беше дел од свеченото дефиле пред Собранието на Република Северна Македонија, по повод јубилејот 30 години независност.

-МВР е институција која што претставува заштитник на слободите и правата на граѓаните, на нивната сигурност и безбедност, како и на сигурноста и на безбедноста на општеството во целина, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објавувјаќи видео од дефилето на МВР по повод „8 Септември“ денот на независноста.