Скопските сообраќајци казниле 160 возачи

од Берта Китинска
175 прегледи

При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот спроведени од страна на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје се изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои 71 санкција за движење со брзина поголема од дозволената, 21 за управување на возило без возачка дозвола и три казни за возење под дејство на алкохол.

Како што информира МВР, изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, пет за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли и четири за непрописно престигнување и обиколување.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.