Заев: Не мислам дека цела влада треба да си поднесе оставка

од Берта Китинска
188 прегледи

Четврток ,сабота и недела немав изјави, трите дена беа денови на жалост и во тие денови не би сакал  на никаков начин да влијаам врз севкупниот впечаток во итрагите.Со цел експертите да дадат одговор на сите прашања, кажа премиерот Зоран Заев.

Тој уште еднаш потенцираше дека ќе ги почека одговорите од истрагите и ќе го изнесе своето мислење поврзано со поднесените оставки на минстерот за здравство, неговиот заменик, како и на директорите од тетовксата болница.

-Го разбирам високиот  морален  чин од страна на министерот и заменик министер и директориот и на економскиот директор на болницата како чин пред се од човечка причина , чин од етички и морални аспекти, не мислам дека целата влада треба да си поднесе оставка заради ова, кажа Заев.