СДСМ: Тешко лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ чиј почесен претседател е осуденик во бегство

од Берта Китинска
144 прегледи

СДСМ со нова реакција до ВМРО-ДПМНЕ, откако опозицијата испрати соопштение кон министерот Бојан Маричиќ за кого прашаа „Колку криминалци треба да избегаат за Бојан Маричиќ да си поднесе оставка?

„Нема поголемо лицемерие од тоа партија чиј почесен лидер е избеган криминалец да зборува за криминал

ВМРО-ДПМНЕ е една од најкриминалните партии во Европа за чии функционери и имот се водат повеќе постапки, а сите политички постапки им се само за спас на криминалците во своите редови.

Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата, а СДСМ е посветена на обезбедување бескомпримисна правда за сите, законот важи за сите подеднакво, а секој што се огрешил пред законот ќе одговара.
По спроведените реформи, денес правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, нема повеќе поставување судии од тефтерчето и нарачка на пресуди по телефон.

Судството е ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кого станува збор.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е на браникот на криминалот, а СДСМ гради правна држава, во која законите важат еднакво за сите.