Данскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона, Мартин Брајтвејт, мора да направи операција на левото колено и ќе отсуствува три до четири месеци.
Раководството на каталонскиот клуб денеска објави дека Брајтвејт има повреда на пателофеморалниот зглоб во левото колено и дека не можел да се опорави со физиотерапевтските терапии.
Во соопштението се наведува дека Брајтвејт ќе биде опериран во наредните денови.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Брајтвајт ќе отсуствува од терените три до четири месеци, во зависност од постоперативниот процес на опоравување.
Malas noticias para el Barcelona: Braithwaite será operado y se perderá media temporada https://t.co/yGzVGxmMmV
— La Opinión Fútbol (@laopfutbol) September 13, 2021
Барселона имаше проблеми со повредите на напаѓачите од почетокот на сезоната, бидејќи покрај Брајтвејт, повредени се и Серхио Агуеро, Ансу Фати и Усман Дембеле.