Германски форензичари заедно со крим-техничарите на МВР ќе се вклучат во истрагата за пожарот

од Берта Китинска
146 прегледи

Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба,кој треба да пристигне деновив првично е составен од  двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање, соопшти портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово