Заев: Нашите модуларни болници се безбедни и им помогнаа на многу граѓани

од Nikola Popovski
327 прегледи

Нашите модуларни ковид-болници се исти како во целиот свет. Тие се безбедни и им помогнаа на многу наши граѓани и во моментот во нив се лекуваат околу 200 наши граѓани, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој нагласи дека проверките во модукарните болници се засилени и дека се контролираат и од противпожарен и од безбедносен аспект.

-Трагедијата не погоди сите, ќе ја паметиме цел живот, изгубивме животи. Да сочекаме, да ги видиме форензичките извештаи за да превенираме во иднина, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на новата приватна инвестиција во Општина Сарај.

Слични содржини