Маж од Штип доби кривична поради коментар на Фејсбук

од Берта Китинска
355 прегледи

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Н.(36) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 13.05.2021 на социјалната мрежа Facebook, по објава на текст на електронски медум, постирал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза, велат од МВР.