Казнети 173 возачи во Скопје

од Nikola Popovski
355 прегледи

Полицијата вчера казни 173 возачи во Скопје, од кои 48 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, три за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила“, велат од МВР.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 5 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за непрописно престигнување и обиколување, 54 за непрописно паркирање.

Од МВР најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Слични содржини