СДСМ: Ставаме крај на праксата за 500 денари должникот да плаќа до 10.000 денари по основ на камати

од Nikola Popovski
351 прегледи

Дополнувањата на Законот за облигациони односи, кои во сила стапуваат веќе следниот месец, пропишуваат каматата на неплатениот долг да престане да расте кога ќе достигне износот на главнината, односно каматата повеќе не смее да биде повисока од износот на долгот, велат од владеачката СДСМ.

Според нив, тоа значи дека ако одреден граѓанин или фирма имале долг од пред десеттина години, на сума од 1.000 денари, каматите што се таложеле со години и кои на крајот ќе треба да ги плати, нема да бидат повисоки од 1.000 денари.

-Со овие измени ставаме крај на ситуациите кога за долг од на пример 500 денари должникот мораше да плаќа 5.000, 8.000 па и 10.000 денари по основ на камати. Законското решение ќе важи и за граѓаните и за компаниите, и ќе се однесува на долгови од секаков карактер, на пример за застарени сметки за струја, вода, телекомуникациски услуги, обврски кон банки и слично, стои во партиското соопштение.

Слични содржини