Историјата на Македонија е таква, за во такви околности во 1991 година, без армија, со 5000 луѓе под оружје од страна на полицијата, со меѓутнички односи какви што имавме и со отворени односи сите соседи. Сум се начитал извештаи на странци, во кои не можат да разберат зошто во тој период војната во Југославија не се прошири и во Македонија, вели поранешниот министер за внатрешни работи и сегашен професор Љубомир Фрчковски на трибината насловена „Патот на (Северна) Македонија до независноста“.
Според него, во Македонија истовремено тогаш имавме и период на исклучителен мир и инклузија на Албанците со сите проблеми и нашите гестови околу Уставот, кој бил чекор назад од Уставот од 1974 година на Југославија.
-За нас беше најголема опасност режимот на Милошевиќ. Тој последен не призна во 1996 година, информира Фрчковски во својот говор на трибината.