Царовска: Засега состојбата во училиштата ни е стабилна

од Nikola Popovski
270 прегледи

Затоа постојано апелираме на одговорно однесување и доследно почитување на здравствените протоколи, кои предвидуваат задолжително да се носат маски на затворено, дезинфекција на рацете, мерење на телесна температура при влез во училиштето и често проветрување и одржување на хигиената во училишните простории. Состојбата во училиштата за сега е стабилна и дневно се следи од надлежните здравствени институции, доколку постои аларм дека треба да се оди кон промена на моделот, образовниот систем ни е подготвен тоа веднаш да се направи, односно да се премине на онлајн настава, за ова одлучува Комисијата за заштита од заразни болести,  истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Карпош, каде заедно со градоначалникот на општината Стефан Богоев направија увид во условите и текот на наставата.

Според неа, наставниците се најважниот фактор за целта на промените да биде постигната.

-И затоа нив ги вклучивме директно во креирањето на тие промени, организиравме обуки, обезбедивме дидактика и нагледни средства, а воедно и ги подобривме условите за работа во многу училишта каде требаше да се интервенира. Така што, верувам во успех бидејќи тие се сојузници на институциите на системот на патот кон создавање на современ образовен систем кој ќе можеме да го споредуваме со системите во поразвиените земји и ќе се гордееме со резултатите кои ги постигнуваат нашите ученици, рече Царовска.

Слични содржини