Жител на Љубин, „копал“ биткоини и крадел графички картички и струја

од Берта Китинска
184 прегледи

Вчера во 19:30 часот припадници на СВР Скопје го лишиле од слобода Е. А. (39) од село Љубин, скопско, поради кражба на графички картички и електрична енергија.

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ‘битмаин’ и графички картички, кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ извршена на 14 март на улица „Петар Драганов“, а биле користени за копање биткоини. При претесот, исто така, било утврдено дека Е.А. врши и кражба на електрична енергија“, се вели во соопштението од МВР.