„Брима“: СДСМ со 19,8% во тесно водство пред ВМРО-ДПМНЕ со 17,7%

од Берта Китинска
381 прегледи

Според новата анкетата на „Брима“ на генералното прашање „Доколку се одржат парламентарни избори денес, за која политичка партија или коалиција ќе гласате?“, резултатите се следни:

За СДСМ би гласале 19,5% од испитаниците, а за ВМРО-ДПМНЕ 17,5%.  За ДУИ се определиле 7,2%, а за Алијанса за Албанците 6%. Од анкетираните, за Движењето БЕСА се определиле 4,7%, колку и за Левица (4,7%), а последна со рејтинг од над 1% е ДПА за која би гласале 1,1% од анкетираните. Сите други партии се под 1% поддршка меѓу интервјуираните гласачи во ова истражување, објави Слободен печат.

Во овој момент, пред официјалниот почеток на политичките кампањи, 44,2% од анкетираните се изјаснуваат дека „многу веројатно“ дека ќе излезат и ќе гласаат на локалните избори, а 30.5% дека „веројатно ќе излезат“.

Слични содржини