СКОПЈЕ: 12 лица возеле под дејство на алкохол

од Берта Китинска
175 прегледи

Вкупно 178 мерки изрече вчера полицијата во Скопје во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, а од нив повеќе од половината – 94 се за возење повеќе од дозволената брзина.

За возење без возачка дозвола изречени се 21 мерка, 12 за возење под дејство на алкохол, 7 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 мерки за користење мобилен телефон, 2 за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, како и 17 за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.