Заев: За модуларните ковид-болници има примопредавање, а не употребна дозвола

од Nikola Popovski
280 прегледи

Премиерот Зоран Заев за околу две недели ги очекува извештаите од германските форензичари кои во еден ден ги завршија истражувањата во изгорената модуларна болница во Тетово.

„Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба, статики, локациски услови како што се градат сите болници. Овде имаме времени модуларни контејнери и за нив има примопредавање, а не употребна дозвола“, посочи денес Заев пред медиумите.

Тој смета дека мора да се смисли колкава е вината, како луѓето кои понудија оставки работеле, што понатаму.

„Ако ги вратиме животите на овие 14 луѓе, не само што би дале оставка, туку би заминале од политиката и не би се вратиле. Но не можеме да ги вратиме! Модуларните болници е пациентите да не седат по паркинзи. Целта беше исполнета, таму се сместуваат граѓани заболени од ковид-19. Ние не градевме болници, тоа се модуларни контејнери. Тие се секаде во светот така поставени. Замолувам за целосно споделување на вистината. Јас реков никој не е венчан за ниту една функција. Функцијата е обврска како што е право. Јас можеби нема да ги прифатам, но можеби и ќе ги прифатам оставките. Моралната одговорност е направена. Ми требаат податоци, за да одлучам што со пандемијата, дали ќе треба некој да обучуваме во нови шест месеци“, додаде Заев.

Слични содржини