Заев: Никогаш не сум рекол дека ако има констатирано вина кај Филипче и Хасани, дека нема да ги прифатам оставките

од Nikola Popovski
261 прегледи

Премиерот Зоран Заев смета дека во услови на пандемија, министерот за здравство и неговиот заменик, досега сработиле многу.

-Тие се справуваа со сериозен предизвик во целиот свет, што е за првпат во човештвото. Со носењето на одлуката, прво ќе констатираме како се ќе поставиме кон луѓето. Ќе ги почекам анализите и истрагата и ќе одлучам за нивните оставки. Го разбирам етичкиот и моралниот однос, но исто така ја чекам и другата одговорност, што значи континуитет на системот, одговорност за тоа што не очекува понатаму, вели премиерот во тв дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Само вистина“.

Тој додава дека никогаш не рекол дека ако има констатирано вина кај Филипче и Хасани, нема да ги прифати нивните оставки.

-Одговорноста кај мене е поголема затоа што сум и претседател на Влада, затоа што сите знаеме дека поставивме модуларни контејнери, претходно изработени во фабрики. Законот јасно тоа го пишува, информира премиеро и посочи дека за трагедијата ќе одговора на прашања, додека сме живи.

Слични содржини