Пописот ќе успее и благодарам до опозицијата, што учествува во процесот и повикува на масовно попишување и до крајот на рокот ќе имаме успешно спроведување, како и што е досега, вели премиерот Зоран Заев во гостувањето на емисијата „Само вистина“ на телевизискиот дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според него, бројките досега од преку милион и сто илјади попишани, е гаранција дека во преостанатите денови ќе заврши успешно.
-Докажавме дека наспроти тврдењата на Мицкоски и опозицијата дека ќе има масовна зараза при пописот и дека треба да го одложиме, дека за време на корона не се прави, сега гледаме дека тој е според протоколи и успешен. Исто така и активистите на Левица учествуваат во пописот и во попишаните. Народот ни е одговорен, додаде Заев.