Двајцата лидери на најголемите партии во државата, Зоран Заев и Христијан Мицкоски си подадоа рака за фер и демократски локални избори, на крајот од нивниот телевизиски дуел во емисијата „Само вистина“.
-Ако навистина веруваме во иднината, проектите и визијата, сами знаеме дека за нашите граѓаните, 90% важна е иднината. Ќе бидеме насочени кон позитивна кампања. Секогаш сум спремен да подадам рака за таква обврска, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема никаков проблем да подаде рака и јавно го кажува тоа.
-Немам проблем да ветам фер и демократска кампања, но тоа не е дел од одговорноста на опозцијата зашто власта е организатор на изборите.Да не се случи тоа од 2020 година, ниту од „Бетовенова“, туку да има слободно, фер и демократско изразување, посочува Мицкоски.