Според неделната анализа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од почетокот на пандемијата во земјава едно лице по третпат се заразило од ковид-19, а вкупно се регистрирани 522 реинфекции.
Во текот на минатата недела биле пријавени 23 реинфекции.Според извештајот регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=979, 29,3%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=143; 4,3%).
Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, освен кај возрасните групи од 0-9 каде што има зголемување за 50,5% и кај возрасната група од 10-19 каде што има зголемување за 8,2%. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.595 (47,8%) лица од машки и 1.745 (52,2%) од женски пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.441 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, намалување од 12,8% во споредба со минатата недела.