352
Глигоров знаеше дека Македонците не се така јасно определени за незавиност како Словенците, изјави поранешниот министер за надворешни и внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски на трибината: Патот на независноста.
Според него, во тоа време кај нас можела да подели нацијата по тоа прашање.
-Кај Глигоров имаше елементи на добивање на време кај Македонците за да се подготват за незавиност, бидејќи не можеме да ризикуваме да добиеме референдумско прашање како во Црна Гора, 52% за и 48% против. Тоа ќе отвореше влез на Милошевиќ во Македонија после решавањето на босанската криза, вели Фрчкоски.
Тој укажува дека тогаш во Македонија постоел голем страв, што бил така густ низ воздухот, што можел да се исече со нож.