Претседателот Стево Пендаровски вечерва објави дека се сретнал со поранешниот американски амбасадор во земјава, Џес Бејли.
-Во Њујорк се сретнав со поранешниот американски амбасадор во нашата држава, Џес Бејли. Разговаравме за актуелните состојби во Северна Македонија и за случувањата во поширокиот регион. Му се заблагодарив за континуираната и безрезервна поддршка којашто САД ѝ ја даваат на Македонија, стои во објавата на Пендаровски.
Пендаровски, за време на посетата на САД по повод неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба и со Наталија Канем, извршен директор на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).