Како изгледаат рендгенските снимки на белите дробови на вакцинирано и невакцинирано лице? (ФОТО)

од Nikola Popovski
406 прегледи

Во целиот свет, делта сојот доведе до зголемување на бројот на случаи на коронавирус. Истата ситуација беше забележана и во болницата во Сан Диего, каде д-р Алберт Хсијао, радиолог, ги спореди снимките на вакцинирани и невакцинирани лица.

На прашањето на американската телевизија ABC дали има разлики во клиничката слика на вакцинирани и невакцинирани луѓе, тој испратил две фотографии наместо класичен одговор. Лево е снимка од белите дробови на вакцинирано лице, а десно е невакцинирано лице.

-Како што можете да видите, разликата помеѓу двете снимки е драстична. На првата снимка е забележливо ова црнило, тоа е воздух во белите дробови, тие се полни со воздух и тоа е добро. На втората слика е белина, како магла. Тоа се белите дробови на невакцинирано лице и тука е видливо како ги оштетува инфекцијата, тоа бело се оштетувања од вирусот, а и самиот вирус, вели докторот.

На снимката, всушност можете да видите како функционираат вакцините, тие го препознаваат вирусот како туѓо тело и кога некое лице ќе се зарази, веднаш го мобилизираат имунолошкиот систем да се брани. Вакцината го забавува ширењето на вирусот и спречува да се размножи толку многу што станува смртоносен, всушност купува време за вашиот имунолошки систем да може да се бори против ковид, oбјаснува докторот.

„Ако треба да ви се нацрта како функционираат вакцините преку одреден пример, тука можете да го видите тоа“, рекол докторот од Калифорнија.

Фото: Deccan herald

Слични содржини