Најдоцна до денеска на полноќ треба да биде објавена Единствената листа на кандидати за локалните избори.
Според Роковникот на Комисијата жрепката за утврдување на Единствената листа на кандидат/и ДИК ќе ја одржи најдоцна денеска. ОИК / ИКГС утврдената единствена листа на кандидат/и ќе ги огласи најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите во сите населени места и на избирачките места во општината.
Утврдените листи на кандидат/и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се објавуваат покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина, најдоцна на денеска до 24:00 часот, а утврдените единствени листи на кандидат/и ќе ги објави на својата интернет страница.
Општините, градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди се должни локациите кои се нудат за политичко рекламирање да ги распоредат согласно критериумите од член 78-а став 3 од Изборниот законик, по пат на жрепка. Жрепката ја спроведува ДИК, најдоцна до денеска.