Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев преку видео обраќање го честиташе Меѓународниот ден на знаковниот јазик, 23 Септември.
„Денеска го славиме Меѓународниот ден на знаковниот јазик, користен од 72 милиони луѓе ширум светот. Одбележувањето на овој ден нè прави дел од прогресивните заедници во светот, афирмирачи на знаковниот јазик.Нашата Влада, преку политиките за промовирање на можностите на граѓаните од заедниците на глуви и наглуви, го едначи знаковниот јазик со сите други говорни јазици.Тежнееме нашето општество да ја прифати во целост оваа вредност. По нашиот пример на соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, општеството да ги применува сите можности кон нашите граѓани со оштетен слух“, вели Заев.