Удар за Ферари: Леклер ќе стартува од последната позиција во Сочи

од Vladimir Zorba
387 прегледи

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ќе стартува од последното место на претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Русија поради употреба на нов мотор, објави италијанскиот тим.

За Леклер ова ќе биде четврта промена на погонската единица, а според правилата, промената е дозволена трипати.

Во генералниот шампионат, возачот од Монако го зазема шестото место со 104 бода.

Трката за Големата награда на Русија ќе се вози во Сочи, на 26 септември.