Денеска го потпишавме Кодексот за фер и демократски избори, бидејќи со избори кои се европски ќе победиме сите. Тоа е најважното затоа што сега нема назад. Неколку избори наназад во овие четири години имаме пример за фер и демократски избори и секои нови се се подобри и подобри. Законските решенија ги имаат во најголем дел имплементирано препораките на ОДИХР и ОБСЕ, рече премиерот Зоран Заев.
Изборот, рече, е на граѓаните и тие ќе се одлучат за она што мислат дека е најдобро за нив, за нивната општина, за државата.
Тој истакна дека локалните избори се мошне важни, бидејќи, како што нагласи се бираат првите луѓе на општините и советници во Советите, а општините, според него, ќе стануваат се поважни во секојдневието на граѓаните.
-Тука се создава животот, во нивна надлежност се градинките, основните и средните училишта, институциите од областа на културата, комуналните претпријатија, хигиената, водата за пиење и затоа е многу важно да избереме она што е добро за сите нас, рече Заев .