МНОГУ предвидуваа дека Бруклин Нетс ќе ја освои шампионската титула минатата сезона, прва откако почнаа да се натпреваруваат во НБА. Тимот предводен од Кевин Дурант, Кајри Ирвинг, Џsејмс Харден, но и кој имаше докажани играчи во својот список како Карис ЛеВерт, Џо Харис, Ламаркус Олдриџ, Блејк Грифин … беше елиминиран во конференциското полуфинале од Милвоки Бакс, кој ја освоија и титулата.
За да се спречи ова да се повтори, Нетс мора прво да се погрижат да ја зачуваат „големата тројка“. Кевин Дурант веќе го продолжи договорот за дополнителни четири години за 198 милиони долари, а сега се очекува тоа да го сторат и Ирвинг и Харден. Планот е да го поврзат Харден со дополнителни три, а Ирвинг за уште четири години, откако од франшизата велат дека и двајцата се заинтересирани за продолжување на соработката. Тоа ќе ги чини Нетс многу.
Ирвинг на крајот на 2019/2020 година потпиша четиригодишно продолжување за 136 милиони долари и ќе биде слободен агент во 2023 година. Нетс подготвија 198 милиони за него доколку потпише ново продолжување на четири години. Можно е како условно слободен играч во 2022 година да потпише пет години за 235 милиони.
Харден има уште две години договор пред него и Нетс не сакаат да останат без својата ѕвезда. Се подготвува тригодишно продолжување во кое може да заработи 161 милион долари.