182
Кандидатите за градоначланици на Скопје денеска го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
-Денеска имав чест да го потпишам Кодексот за фер и демократски избори. Жал ми е што тоа не го направија сите кандидати, жал ми е што кандидати доцнат во демократијата и на потпишувањето на овој Кодекс. Изборите се основен белег на демократијата и цивилизациска придобивка која им овозможува на граѓаните да ги остварат своите избирачки права и да одлучуваат кому ќе му ја доверат довербата да управува во случајов со единиците на локалната самоуправа, изјави актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов кој по вторпат ќе трча на локалните избори.