„Уловени“ 37 возачи – еден од нив возел 201 км на час

од Берта Китинска
266 прегледи

Денеска (25.09.) полициски службеници од СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 37 возачи. Од нив 21 на територија на Велес, девет на територија на Кавадарци, седум на територија на Неготино… Еден од „уловените“ возел  201 км на час, соопштија од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини