Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирусот. Вчера беа регистрирани 392 инфицирани од 4.633 тестирања или околу 8,4 отсто. Претходно тој процент беше над 10.
Се намалува и бројот на активни случаи. Ако на почеток на септември во државата имаше над 15.000 активни случаи, сега има 12.240.
За претходното деноноќие беа регистрирани и 17 починати, а како што соопшти Министерството за здравство дополнително во „Мој термин“ пријавени се уште три починати лица во периодот од 12 до 22 септември. Регистрирани сe и 339 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1 274 003 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189 551 бројката на оздравени пациенти е 170 734, на починати е 6577, а бројот на активни случаи изнесува 12 240.
Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има најмногу активни и тоа 5689. Следува Куманово со 967, Тетово – 945, Охрид – 502, Гостивар – 490, Кичево – 417, Струга – 364, Велес – 312, Струмица – 310, Прилеп – 304. Во другите градови се помалку од 300, а во Дојран само еден позитивен на Ковид-19.