Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил најави дека изборната кампања на неговата партија ја започнува од Битола.
-Најдоброто меѓу граѓаните и за граѓаните!Денеска во Битола и Демир Хисар ќе дадам силна поддршка за Христо Кондовски и Стевче Митревски затоа што само СДСМ ја има најдобрата кадровска понуда која ќе донесе развој на секоја општина!Вие одлучувате! Со вашиот глас избирате заедништво и развој наспроти поделби и заробена држава. Ве повикувам да направите споредба и разлика. Изберете ја најдобрата понуда за вас, за вашето семејство, за вашето место. Изберете го Најдоброто!,напиша Заев на Фејсбук.