Пендаровски: Потребно е да обезбедиме подобри услови за професионално и независно работење во медиумите

од Берта Китинска
131 прегледи

Пред нас е комплексна задача, преку холистички пристап да изградиме системска, медиумска, но, пред се, лична отпорност кон дезинформациите. Тоа можеме да го постигнеме само преку блиска соработка на државните институции, политичките партии, бизнис заедницата, граѓанскиот сектор и медиумите, посочи Претседателот Стево Пендаровски денеска на регионалната Конференција за медиумска писменост ЕУ-Западен Балкан: „Справување со дезинформации“, во организација на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и Македонскиот институт за медиуми.

Процесот на едуцирање за медиумската писменост и дезинформациите во нашите основни и средни училишта, вели тој, ќе овозможи да создаваме генерации на ученици кои ќе можат полесно да ги препознаваат дезинформациите и да ги формулираат своите ставови врз основа на релевантни и проверени информации.

– Потребно е да обезбедиме подобри услови за професионално и независно работење во медиумите и справување со дезинформациите. Тоа подразбира и доследна имлементација на постојната регулатива и нејзино подобрување на линија на европските стандарди во оваа сфера. Исто така, потребно е да ги поддржиме саморегулаторните механизми во медиумската сфера, како и платформите за проверка на фактите, истакна Пендаровски.