Осака наскоро се враќа на тенисот

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Четирикратната Гренд слем шампионка, Јапонката Наоми Осака денеска објави дека наскоро ќе се врати на тенисот

Осака направи пауза претходно овој месец, откако нејзиниот пат кон одбрана на титулата на УС Опен беше прекинат од подоцнежната вицешампионка Лејла Фернандез во третото коло.

23-годишната тенисерка претходно ги пропушти Ролан Гарос и Вимблдон со цел да се фокусира на нејзиното ментално здравје.

„Знам дека ќе играм повторно “, рече Осака, пренесе Би -Би -Си.

Таа додаде дека нејзиното враќање на теренот ќе се случи „веројатно наскоро“.

„Почна повторно да ме влече“, рече Осака.

Осака откри дека „претрпела долги напади на депресија“ откако ја освои својата прва Гренд слем титула на УС Опен 2018 година.

Таа се врати на Олимписките игри во Токио, каде што го запали олимпискиот оган на свеченото отворање, но беше поразена во третото коло.

Седмата тенисерка во светот рече дека серијата тешки натпревари го зела својот данок и дека кулминирало со елиминација од УС Опен.

„Порано ја сакав конкуренцијата … Долгите натпревари беа забавни за мене. Неодамна почнав да чувствувам стрес и ми требаше пауза“, рече Осака.

Слични содржини