Ахмети: Како што верував дека ќе има албански премиер, така и зелената агенда ќе се оствари

од Nikola Popovski
373 прегледи

Работиме посветено за да ја направиме земјата подобра од вчера. Да имаме почиста животна средина, поздрав живот. Така, на 17 октомври не само оние што гласаа за ДУИ, така и сите граѓани во Република Македонија, не само Албанци, туку и Македонци, Турци, Бошњаци, Срби треба да гласаат за агенда која е смела и го штити здравјето на сите. Ние ја имаме најдобрата понуда, рече лидерот на партијата, Али Ахмети на претставувањето на кандидатите за градоначалници во кои ќе настапат на претстојните локални избори.

Тој од Гостивар потсети дека во изминативе изборни циклуси оствариле многу и дека како партија ја заслужуваат поддршката за уште изборна победа, бидејќи како што рече тоа што се нуди е изработено од експерти.

-Кога на нашиот роденден на 5 јуни се прашуваа кој ќе биде следниот дострел излеговме со јасна платформа на парламентарните избори со албански премиер. Сега излеговме со силна платформа ‘зелена агенда, агенда за живот’. Таа агенда бара знаење, внимание, експерти. Како што верував дека ќе има албански премиер, така и оваа агенда ќе се оствари, рече Ахмети.