СДСМ: Најдоброто грмеше од Битола до Куманово

од Берта Китинска
259 прегледи

Целата македонска јавност вчера ја виде енергијата, сплотеноста на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.Најдоброто грмеше од Битола до Куманово, соопштија од СДСМ.

-Како одговорна партија во овие четири години ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот, а животниот стандард расте. Државата заедно ја поставивме во вистинскиот правец.

На овие избори, СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина, за секое населено место, најдобрата понуда за државата.

Сето тоа е препознанено од граѓаните, затоа даваат поддршка на концептите на СДСМ, затоа СДСМ е убедлив фаворит, победник на овие избори.

На 17 октомври граѓаните ќе гласаат за број 12, за да продолжи континуитетот на позитивната трансформација и развојот на општините.На 17 октомври граѓаните ќе гласаат за Најдоброто!, соопштија од партијата.