СДСМ: Исплашени од убедливиот пораз во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ ги надградува сопствените конструкции

од Берта Китинска
191 прегледи

Исплашени од извесниот пораз кој ќе им го понесе Данела Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири невистини и да ги надградува сопствените конструкции за градоначалникот Петре Шилегов, велат од СДСМ.

-ВМРО-ДПМНЕ може колку сака да мафта со нецелосни документи, неосновано да упатува обвинувања за наводна корупција, да врши притисоци врз обвинителството, но ништо нема да ги спаси од силниот пораз кој ги очекува и на овие изборите, како во Град Скопје, така и во Карпош, така и во најголем број од општините.Засилените конструкции и измислици од страна на ВМРО-ДПМНЕ само покажуваат дека оваа партија нема никаков план, идеја, концепт кој носи подобар живот за скопјани и модернизација на град Скопје, соопштија од партијата.

Оттаму додаваат дека и во Белиот дворец им е јасно дека Данела Арсовска е препознаена од граѓаните како кадар на Груевски.

-Граѓаните гледаат дека понудата на Мицкоски за овие избори се стари истрошени кадри на бегалецот во Будимпешта и лица осомничени и осудени за сторени кривични дела и токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ, свесни за реалната состојба, не им останува ништо освен да конструираат лаги и дезинформации за да го ублажат поразот на изборите, велат од СДСМ.