Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва во Тетово одржа партиска конвенција на која беа претставени Теута Арифи како кандидатка за градоначалник и кандидати за членови на Советот на општината.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети пред жителите на Тетово истакна дека изборната платформа на неговата партија се базира на зелената агенда која гарантира подобар квалитет на живот за сите граѓани на Тетово.
-Не сме пресметале дали ќе победиме или не, ние сме подготвиле проекти. Јас сум оптимист како што станавме членка на НАТО и така ќе се интегрираме во ЕУ. Јас сум сигурен дека ќе се случи победа во Тетово на 17 октомври Теута ќе добие трет мандат, Теута има предност, таа е победник, може да има уште повеќе реализирано во мандатот од 17 октомври натаму, истакна Ахмети.
Тој кажа дека храбро влегле на овие локални избори кои за ДУИ се 24 години победа и дека тој е многу сигурен дека тоа ќе се случи и на 17 октомври, како во Тетово, така и со Теута Арифи на трет мандат.