362
Вечерва во 20 часот заврши пописот. Попишани се преку 99% од граѓаните и околу милион и 860 илјади граѓани, вели претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев од митингот на партијата во Гевгелија.
Тој додаде и дека попишани околу 570 илјади домаќинства и околу 840 илјади станбени единици.
-Нека ни е честито, со што покажавме и кој има капацитет, а кој нема. Ова е еден од гигантските остварени проекти. Во една рака го имаме НАТО, а во другата ни е одржаниот попис, кажа премиерот пред насобраните граѓани.