Беќаровски: Со новиот предлог за работно време на администрацијата, конечно во нешто ќе личиме на ФИНСКА

од Берта Китинска
901 прегледи

Со новиот предлог за работно време на администрацијата во петок до 12 часот, конечно барем во нешто ќе личиме на ФИНСКА, вели во својот  коментар на Фесбук, д-р Нико Беќаровски во врска со Законот кој предвидува наместо 40 часа, администрацијата да работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок.

-Уште да сме доволно ФИНИ и ова да важи и за “рамковните” кои десет години “работат” од дома ???, прашува докторот.

Законот го подготви Министерството за информатичко општество и администрација, а со членот 55 кој се однесува на работното време се предвидува дека полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок.

Слични содржини