Уапсен штипјанец за издржување на казна затвор

од Берта Китинска
209 прегледи

Полициските службеници вчера го уапсиле 41-годишниот штипјанец во Скопје, кој се барал за издржување казна затвор од две години.

„На 30.09.2021 во 16.00 часот во близина на скопскиот Градски стадион на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Р.Д.(41) од Штип. Тој се барал врз основа на судска наредба од Основен суд Штип за издржување казна затвор од две години“-информираат од МВР.