Заев за пукањето на митингот на ДУИ: МВР веќе постапува ги има снимките

од Берта Китинска
390 прегледи

МВР веќе постапува, ги има снимките и истражува точно да се најдат сторителите, кажа денеска премиерот Зоран Заев во врска со за пукањето на митингот на ДУИ.

-Не мислам дека тоа носи добро на некој, тоа одвраќа гласачи тоа одвраќа поддршки, одвраќа позитивен амбиент и второ е кривично дело, веројатно и злоупотреба на законот за оружје.Јас апелирам до граѓаните кои што направиле снимка и го документирале тоа да помогнат во истрагата. Анонимно, не мора се знаат, но да помогнат затоа што дел од истрагата се води не само со анализа на снимката и фокус на кој тоа го направил туку треба и дополнително да се помогне за да се утврди идентитетот на одредена личност, група или слично, рече Заев.