Студија: Безбедно е да се примат вакцини против Kовид-19 и грип во исто време

од Nikola Popovski
766 прегледи

Британска студија покажа дека е безбедно луѓето да примаат вакцина против Ковид-19 и вакцина против грип истовремено, и дека тоа не влијае негативно на имунолошкиот одговор предизвикан од еден од нив.

Во прилог на третата доза од вакцината дадена на стари лица и ранливи и здравствени работници во Британија, владата на премиерот Борис Џонсон вети најголема програма за вакцинација против грип во историјата оваа година, пренесува Ројтерс.

Студијата, предводена од Универзитетот во Бристол, откри дека пријавените несакани ефекти обично биле благи до умерени во испитувањата со три вакцини против грип и вакцината против Ковид-19 од Фајзер или АстраЗенека.

„Ова е навистина позитивен чекор што може да значи помалку термини за оние на кои им се потребни двете вакцини“, рече Рајека Лазарус, водечки истражувач.

„Резултатите од оваа студија беа презентирани на Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација (JCVI) за разгледување и може да им помогнат на креаторите на политиките во планирањето на иднината на овие важни програми за вакцинација“.

И двете вакцини во една посета

Едната група ја примила првата вакцина против Ковид-19 и вакцината против грип при првата посета, со плацебо дадена на втората посета, а другата ги примила вакцините против Ковид-19 и плацебо истиот ден, а потоа втората вакцина против грип.

Студијата покажала дека 97 проценти од учесниците рекле дека ќе бидат подготвени да ги примат двете вакцини при една посета на лекар во иднина.

Студијата опфати 679 доброволци на 12 локации низ Англија и Велс, а целосните резултати ќе бидат објавени во медицинското списание „Лансет“.

Слични содржини