Не можеме ние да ги предвидуваме сите дејствија кои што ќе ги прави корисник. Ова што е направено за жал е скандалозно и јас ги повикувам институциите најбрзо што е можно да го расчистат тој случај, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов одговарајќи на прашањето поврзано со случајот за извидничкиот камп.
За обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Шилегов посочи дека доаѓаат како резултат на недостаток на политики кои што можат да ги понудат на Скопје и на скопјани.
-Во недостаток на политики кои што можат да ги понудат на Скопје и на скопјани, во недостаток на определување на приоритетите во политиката, тие се занимаваат со црна кампања за мене. Ги замолувам ВМРО-ДПМНЕ, зборуваме за наши дечиња, за наши чувства, за емпатија и за родителски грижи во моментов. Срамота е за црна кампања против актуелниот и иден градоначалник да се користат тие емоции, додаде Шилегов.