Не треба да се дозволи спорот меѓу две соседни земји да се пренесе во ЕУ. Бугарија мора да се фокусира на дијалог и постојан контакт, со властите во Република Северна Македонија да се бара решение во име на нашата заедничка иднина, вели техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев во интервју за БНТ, додавајќи дека треба „да не се закопаме во минатото, туку да бараме решение во иднината“.
Според него, Бугарија сака нормален дијалог, сака да го запре јазикот на омразата, како и воспитувањето за омраза кон Бугарија.
-Сака и да го запре лошиот однос кон луѓето со бугарска самосвест во Северна Македонија. Така овие работи ќе се решат и ќе се најде вистинската формула, коментира Јанев, додавајќи дека се надева дека ова ќе се случи во блиска иднина.
Според него, по крајот на октомври и ноември, кога има политички избори во Македонија и Бугарија, дијалогот ќе добие нова смисла.
-Имаме историски ниски нивоа на инфлација во земјата, додал премиерот Јанев.