Тричлено семејство од Србија за лечење од корона троши околу 140 евра

од Nikola Popovski
551 прегледи

За тричлено семејство од внатрешноста на Србија, речиси половина од минималната треба да се одвои за да се купат потребните лекови, за справување со коронавирусот. Имено, семејството Матиќ од Краљево се обратило до српска „Нова“ и ги испратило цените на лековите, наведувајќи дека им требаат речиси 16.000 динари (околу 8369 денари) за да отидат во аптека.

Семејството Матиќ испратило сметка од аптека, за која дале 15.750 динари за лековите што ги купиле. Се работи за тричлено семејство со 55-годишна мајка и татко и 25-годишен син.

Списокот на лекови е долг, и гледајќи ги, српскиот портал „заклучува дека е вистински луксуз да се купуваат лекови во Србија денес“.

-Имено,  семејството Матиќ издвоило 1.520 динари за четири кутии Пронизон, додека за две кутии Левокс, морале да платат 1700 динари.

Потребно е да се издвојат 1.280 динари за четири кутии Панцеф, а 900 динари за две кутии Цевитал форте. Не помалку евтини се витамините и додатоците кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, како што се Еравит имуно, селен и цинк. За тоа е потребно да се издвојат 900 динари.

Сирупите за кашлица се повеќе од 500 динари, додека панадолот, што е 200 динари, е малку поевтин.

Слични содржини