Очекувам јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во ЕУ, вели Заев

од Берта Китинска
273 прегледи

Во однос на оптимизмот во преговорите со Софија, премиерот Зоран Заев, рече дека имаме позитивно придвижување во разговорите меѓу претставниците на МВР и дека се надева периодот октомври, ноември и декември да биде максимално искористен за работа и посветеност за изнаоѓање решение.

– Од самитот ЕУ-Западен Балкан очекувам јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во Европската унија и дека за тоа е подготвена Унијата, согласно сите чекори кои треба да ги направи секоја земја соодветно. Се работи за патоказот, кој што треба да биде, нешто што ќе значи преземање обврска од двете страни за унапредување на ефикасноста во соработката согласно Договорот за добрососедство. Вториот аспект е дека во декември на Советот на министри на ЕУ се носи одлуката, а до тогаш ќе имаме завршено избори и во Македонија и во Бугарија. Трето е, драфтираната верзија која се подготвува на Самитот ЕУ-Западен Балкан за сериозната фокусираност и посветеност на ЕУ за продолжување на процесот за евро-интеграциите на Западен Балкан, изјави Заев.

Слични содржини